ПАУНОВСКИ, Борис

ПАУНОВСКИ, Борис (Битола,
28. Ⅵ 1935) – дипл. геод. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1996 до пензионирањето во 1998 г.) по предмети од областа на геодезијата. Дипломирал во Белград (1959), каде што и докторирал (1985). Пред да стане доцент на Градежниот факултет во Скопје (1988), бил директор на Заводот за геодетски и фотограметриски работи. Објавил повеќе учебници. Љ. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *