ПАШТИ, Јован Јанош

ПАШТИ, Јован Јанош (Пригревица кај Сомбор, 23. ⅩⅠⅠ 1924) – балетски играч. Учествувал во НОБ. По Ослободувањето кариерата ја започнува (1946) во Уметничкиот ансамбл на ЈНА. Станува член на Балетот при Народно-

Јован
Пашти

то позориште во Белград (1949). Член на Балетот при МНТ во Скопје (1952-1972). Балетското образование го стекнува во Балетското училиште „Луј Давичо“ во Белград, во класата на Н. Кирсанова. Специјализира кај познатите педагози Преображенскаја, Јегорова, Мјасин, Долин. Како првенец на Балетот има одиграно голем број главни улоги, истакнувајќи се со своето партнерско умеење и богато искуство.
УЛОГ: Франц (Л. Делиб, „Копелија“), Марко (С. Христиќ, „Охридска легенда“), Алберт (А. Адам, „Жизел“), Зигфрид (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“) и др. Ем. Џ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *