ПАЈАЦИ

ПАЈАЦИ (Аранеа) – членконоги инсекти. Кај нив е јасно одделен главоградот од стомакот, кој е заштитен со цврста обвивка – кутикула; на стомакот може да има пајажинести брадавици. Некои пајаци поседуваат силни хелицери со кои го зграпчуваат пленот, а некои ловат со пајажина. Најчест плен им се инсектите поради што се сметаат за корисни организми.

Поседуваат отровни жлезди што им служат за убивање на пленот. Отровот на одделни пајаци дејствува на нервниот систем, а кај други предизвикува некроза на каснатото место. Населуваат разни места со различна надморска височина (високи планини, слатки води, шуми, тревни површини и човечки живеалишта). Во светот се познати околу 30.000 видо
ви. Во Македонија од овој ред се регистрирани 558 видови, од кои 16 се ендемични. Најпознати видови се: пајак крсташ (Аранеус диадематус), воден пајак (Аргѕронета аљуатица Цлерцк.), домашен пајак (Тегенариа доместица Цлерцк) и отровните видови (дури и за човекот) тарентула (Тарентула цунеата Дахл & Дахл) и црна вдовица (Латродецтус тредецимгутатус Росси).
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.
Народното оро „Пајдушка“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *