ПАЈОПЛИ

ПАЈОПЛИ (Паиоплаи) – палеобалканска популација од пајонската група племиња што ја населувала територијата на север од планината Пангај. Ги спомнува Херо-дот во својата Историја (Ⅴ в. пр.н.е.). Во времето на персиското покорување на Пајонија, по наредба на персискиот крал Дареј И, тие биле преселени во Азија (511 пр.н.е.). Сепак, еден дел од нив останале во своите краишта или се вратиле назад од Азија, бидејќи Херодот спомнува дека персискиот крал Ксеркс ги одминал при походот во 480 г. пр.н.е.
ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927.
ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пр.н.е., Скопје, 1999. К. М.-Р.

Ганчо Пајтонџиев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *