ПАЈТОНЏИЕВ, Ганчо

ПАЈТОНЏИЕВ, Ганчо (Велес,
30. Ⅶ 1905 – Скопје, 20. ⅩⅠⅠ 2002)
– вежбач во спортска гимнастика,
наставник по физичко воспитување и етнокореолог. Член и инструктор на соколски организации (1920–1941). По Втората светска војна членувал во бројни фискултурни сојузи и здруженија, како стручно лице и автор на академски состави и слетски вежби. Како соработник на Институтот за фолклор, снимил преку 7.500 народни творби (10. И 1952 – 27. ⅩⅠⅠ 1967), а значајни делови од нив се објавени во трите книги „Македонски народни ора“, во коавторство со Ж. Фирфов и самостојно.
БИБЛ.: Македонски народни ора со кореографски знаци и теминологија, Кореографското писмо го составиле и оваа збирка ја уредиле Живко Фирфов и Ганчо Пајтонџиев, Скопје, книгоиздателство „Кочо Рацин“, 1953; Македонски народни ора од Малешевско, Делчевско, Кочанско, Светиниколско, Штипско, Радовишко, Струмичко и Валандовско, книга
1, Институт за фолклор, Скопје, 1973. ЛИТ.: Ганчо Пајтонџиев (автобиографија), „Прилози за историјата на физичката култура“, Скопје, 1983, 106–124. Др. О.

Рајко Пакашки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *