ПЕГМАТИТИ

ПЕГМАТИТИ – жилни магматски карпи во групата на гранитите и риолитите. Се појавуваат во вид на жици, чија димензија е променлива, или пак во вид на поголеми пегматитски тела, кои имаат форма на леќи. Имаат зрнеста, а на места и порфироидна структура. Изградени се од кварц, фелдспати, ликсуни, а во нив се појавува и серија на егзотични минерали како што се: берил, гранат, дистен, турмалин и др. На подрачјето на РМ пегматити се појавуваат во рамките на Пелагонискиот метаморфен комплекс во серијата на гнајсевите, при што нивната големина е променлива. Најголемите пегматитски тела се појавуваат во локалитетот Рамна Нива, потоа во локалитетите на Чаниште.
ЛИТ.: Блажо Боев, Ристо Стојанов, Петрографија, РГФ, Штип, 1994. Бл. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *