ПЕДАГОШКИ АКАДЕМИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПЕДАГОШКИ АКАДЕМИИ ВО МАКЕДОНИЈА – виши школи за образование на наставници за основните училишта и воспитувачи за предучилишните установи. Се јавуваат по школската реформа (1958), со која се воведува единствено задолжително осумгодишно основно училиште, заменувајќи ги дотогашните (в.) учителски школи и (в.) вишите педагошки школи. Педагошките академии се израз на настојувањата да се обезбеди единствено образование за сите профили на наставници што ја изведуваат наставата во осумгодишно основно училиште и да се подигне образованието на учителите, од средношколско на вишошколско ниво. Во учебната 1961/62 г. вишите педагошки школи во Скопје и во Штип стануваат педагошки академии, а во учебната 1964/65 педагошка академија се отвора и во Битола. школувањето, како и во вишите педагошки школи, траело две години, а се образовале одделенски и предметни наставници. Во текот на спроведувањето на концепцијата (в.) насочено образование, образованието на предметните наставници поминува на соодветните наставнички факултети, а педагошките академии го задржуваат образованието на одделенски наставници и на предучилишни воспитувачи. Со основањето на педагошки факултети
(1995), педагошките академии
престануваат да постојат.
ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *