ПЕЕВ, Анѓел Тодоров

ПЕЕВ, Анѓел Тодоров (с. Стојаково, Гевгелиско, 16. Ⅶ 1930) – дигестивен хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, директор на Клиниката за дигестивна хирургија. Завршил Мед. ф. и специјализација по општа хирургија (1964) во Скопје и супспецијализација по дигестивна хирургија (Лондон, Англија, 1973). Докторирал на темата „ПГВ во лекувањето на дуоденалниот улкус“. Вовел ваготомија кај дуоденалниот улкус, сопствена модификација кај најтешката форма пилорна стеноза, шантови операции кај портална хипертензија, радикална панкреато-дуоденална ресекција и ресекции на панкреасот. Ја воведува неагресивната лапароскопска хирургија (1992). Автор е на 83 научни трудови.
БИБЛ.: Лапароскопска билијарна хирургија, Скопје, 1995. М. шољ.
Коста
Пеев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *