ПЕЛАГОН

ПЕЛАГОН (Пелегон) – епонимен херој на Пелагонците (античко горномакедонско племе). Најстари митолошки податоци има во „Илијадата“ на Хомер, каде што во ⅩⅩⅠ песна се наведува дека епонимниот јунак бил син на Аксиј и татко на пеонскиот водач Астеропај, сојузник на Тројанците.
ЛИТ.: Хомер, Илијада. Препев, предговор, увод и објасненија М. Петрушевски, Скопје, 1982. Б. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *