ПЕЛАГОНИСКА ЕПАРХИЈА

ПЕЛАГОНИСКА ЕПАРХИЈА
(Ⅳ – ⅩⅤ в.). Во Ⅹ и Ⅺ в. била во состав на Охридската архиепископија. Се спомнува во повелбите на византискиот цар Василиј Ⅱ (1019). Ја опфаќала територијата на Пелагонија и градовите Дебар и Велес. Во ⅩⅣ и ⅩⅤ в. е преименувана во Прилепска митрополија.
ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ, второ фототипно издание, София, 1995; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *