ПЕЛАГОНИСКА МИТРОПОЛИЈА НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

ПЕЛАГОНИСКА МИТРОПОЛИЈА НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА (1878–1918) – нејзиното седиште било во Битола. Во епархијата поголемиот дел од населението било македонско, се развила месната самоуправа (црковни општини), а најзначајните биле на Битола и Прилеп. Иако била епархија на екуменската Цариградска патријаршија, Пелагониската митрополија претставувала значаен поддржувач на грчката пропаганда. Особено по 1870 г., кога била формирана Бугарската егзархија, таа ги бранела загрозените позиции на грцизмот во тој дел од Македонија. Нејзините претставници соработувале со грчкиот Конзулат во Битола, иако секогаш немале исти ставо
ви. Соработувала и со османлиските власти против МРО.
ЛИТ.: Крсте Битоски, Дејноста на Пелагониската митрополија 1878–1912, Скопје, 1968. Д. Јов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *