ПЕЛАГОНИЈА, Градежно акционерско друштво, Скопје

ПЕЛАГОНИЈА, Градежно акционерско друштво, Скопје –
формирано е во 1947 г. како градежно претпријатие за изградба на капитални проекти (станбени, комерцијални, јавни и индустриски објекти). Во еден момент достигнува до 12.800 вработени. Во своето досегашно постоење има изградено голем број станбени, комерцијални и административни објекти, како и училишта и детски градинки, хотели и одморалишта, болници, спортски и хидрообјекти, мелиоративни системи, брани, системи за снабдување со вода и за канализација и објекти за третман, патишта, мостови, железници во земјата и во странство. Од 1967 г. постојано е на странскиот пазар (Либија, Чехија и Словакија, Германија, Ирак, Кувајт, Русија и др.) Од 2005 г. работи во приватна сопственост.
ИЗВ.: Пелагонија, њњњ.пелагонија.цом.мк.Р. Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *