„ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО“

„ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО“ (Битола, 1. И 1942 – 28. Ⅲ 1944) – неделен весник за општествени прашања, култура и информации, орган на бугарската окупаторска власт во Битолската област, на бугарски јазик. Уредник бил Георги Василев, а редакцијата ја сочинувале: Хр. Гуцов (обласен

„Пелистерско ехо“, орган на бугарската окупаторска власт во Битолската област
директор), Благој Давков, Тодор Крајничанец, Никола Митев, Илија Ненчев, Петар Пајтонџиев, Љубен Панчев, д-р Борис Светиев и Коста Црнушанов. Излегувал во тираж од 1.000 примероци.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 461462; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 154. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *