ПЕМОВ, Петар Јанакиев

ПЕМОВ, Петар Јанакиев (Скопје, 26. Ⅸ 1935) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. Медицина завршил во Скопје (1961), се вработил на Нервната клиника (1964–2000) и положил специјалистички испит (1968). Докторирал во Белград (1981) од областа на патологијата на ликворот. Вовел современи биохемиски методи за ликворни анализи и бил долгогодишен раководител на Одделот за васкуларна патологија на мозокот. Бил претседател на невролозите на Југославија (1989–1991). Автор е на повеќе од 100 научни и стручни труда и на неколку монографии.
БИБЛ.: Цереброваскуларни болести, Скопје, 2004; Патофизиологија, дијагностика и терапија на цереброваскуларните болести, Скопје, 1989. Ил. Џ.

Реката Пена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *