ПЕНДОВСКИ, Бранко

ПЕНДОВСКИ, Бранко (Кочани,
27. Ⅴ 1927) – новинар, раскажувач, романсиер, драмски писател. Долги години работи како главен уредник и директор во издавачките куќи „Култура“ и „Кочо Рацин“. Член е на ДПМ од 1953 г. Член е и на македонскиот ПЕН центар. Дебитира со збирката раскази „Игра“ (1956). Во 1973 г. излегува од печат книгата „Дра-ми“, која ги содржи неговите драмски текстови: „Студенти“, „Под пирамидата“, „Потоп“, „Пречек“. Инаку, П. своите погледи за литературата ги формира во текот на конфронтациските полемики во кои тој со силно уверување на млад „модернист“ се застапува за новото и антидоктринарното како услов за натамошната естетска еволуција на македонската книжевност.
ДЕЛА: Игра (раскази, 1956), Наш град (раскази, 1963), Скали (роман, 1965), Смртта на орденот (раскази, 1963), Жед и глад (радиодрама, 1969), Драми (Студенти, Под пирамидата, Потоп, Пречек, 1973), Драми (Патување, Наследници,
Љубовници, 1980), Избрани дела (1987).
ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век
(1990). В. М.-Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *