ПЕНОВ, Ристо

ПЕНОВ, Ристо (Велес, 28. Ⅸ 1957)
– стопанственик, политичар и општественик. Ја завршил Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ (1975), дипломирал на Економскиот факултет (1979) и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје (1990). Работел во градската управа на Скопје (1980–1986), во стручните служби на ЦК на СКМ (1986–1990) и како раководител на претпријатието „Ангрокожа“

Ристо Пенов
(1990–1993). Во политичкиот ан-гажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното фузионирање со Либералната партија (1993 –19. Ⅳ 1997), потпретседател (19. Ⅳ 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либералнодемократската партија (пролетта 1999 – 11. Ⅱ 2007). Како избран градоначалник на град Скопје во два мандата (1996–2006) ја збогатил инфраструктурата на градот, рекреативните зони и паркиралиштата. С. Мл.

Натка Пенушлиска-Митровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *