ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА, Натка

ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА, Натка (Скопје, 24. Ⅳ 1934) – балерина. Балетското образование го добива во Средното балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, а потоа кај познатите педагози Љ. Јегорова и О. Преображенскаја во Париз (1953-1954). Модерен балет учи кај Х. Крајцберг во Цирих и А. Роје во Каштел Камбеловец. Член на Балетот при МНТ во Скопје (1949-1972). Исклучително надарена, П. ја започнува балетската кариера на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“ (Б. Асафјев), првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ. Ги игра сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл. Примабалерина со извонредно чиста и прецизна класична техника, виртуозност и експресивна емотивност при креирањето на улогите. П. е синоним за балетската уметност во Македонија. На Југословенското балетско биенале во Љубљана (1960) е прогласена за најдобра класична балерина. Управува со Балетот при МНТ (1967-1968).
УЛОГ: Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“), Сванилда (Л. Делиб, „Копелија“), Аурора (П. И. Чајковски, „Заспаната убавица“), Ела (Ф. Лотка, „Ѓавол на село“), Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“), Жизел (А. Адам, „Жизел“), Јулија (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“) и многу др. Ем. Џ.
Кирил
Пенушлиски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *