ПЕПЕЛИШТЕ

ПЕПЕЛИШТЕ (Неготино) – средновековна некропола сместена на локацијата Трнче-Стреа, на 2,5 км североисточно од Неготино. Во 1989 и 1990, Б. Бабиќ ископал 76 гробови, на кои им се приклучени уште 9, откриени случајно. Гробните конструкции се цисти од камени плочи и слободни закопувања во јами оградени со речни камења, ретко и со дрвени штици. Покојниците се инхумирани според христијанските канони. Ископани се прстени, белегзии, наушници, ѓердани, приврзоци, амулет-свиток и стаклени аплики од украс за глава. Накитот е дело на локални мајстори, но се среќаваат и примероци од византиски работилници од крајот на Ⅹ до почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ со нагласок на Ⅺ и ⅩⅠⅠ в. Во два гроба, покрај главата на покојниците се најдени керамички садови од ⅩⅠⅠ в. Меѓу гробовите се забележани и јами со огништа, искршена грнчарија и коски од животни и птици од погребните ритуални гозби. Северно од некрополата се остатоците од населбата.
ЛИТ.: Е. Манева, Средновековна некропола Пепелиште, Скопје, 2000. Ел. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *