ПЕПЕЛНИЦИ

ПЕПЕЛНИЦИ – ТРИПСИ (Тхѕсаноптера) – многу ситни инсекти. Имаат тесни ресести крила, по што го добиле името (тхѕсанос гр. = прамен, перче). Телото им е долго околу 1 мм. Имаат устен апарат за цицање, се хранат со растителни сокови од цветови, листо-

Пепелник – трипс ви и корења, и им нанесуваат значителни штети на растенијата. Редот опфаќа околу 5.000 видови, но во Македонија се регистрирани само 4 таксони. Најпознат меѓу нив е штетникот на тутунот Тхрипс табаци Линденман, кој ја предизвикува болеста позната како „бели жили“; ги напаѓа и компирот, доматот, зелката и другите градинарски култури. На житото паразитира житниот штетник Тхрипс цереалиум Холидаѕ. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *