ПЕПЕРУГА, СВЕТКАВА

ПЕПЕРУГА, СВЕТКАВА (Апатура ирис Л.) – дневна пеперуга. Има карактеристично светкави крилја, кои на сонце се прелеваат во разни нијанси на металнотемна сина боја. Се храни со растителни сокови од бука, топола и од врба. Се среќава по рабовите на шуми со

врби и јасики.
Светкава пеперуга
Се појавува со една генерација во јули и август. Распространета е во Северна Европа. Во Македонија е многу редок вид.
ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно издание, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат. Скопје, 1964; Лионел Г. Хиггинс андНорманД. Рилеѕ, А филд гуиде то тхе Буттерфлиес оф Бритаин анд Еуропе, Лондон анд Гласгоњ, 1970, 1-381; Паул Сцхеидер – Предраг Јаксиц, Дие Тагфалтер вон Југослањисцх Мазедониен Дурина (Рхопалоцера унд Хеспериидае), Мüнцхен, 1990. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *