ПЕПЕЉУГОВСКИ, Петар

ПЕПЕЉУГОВСКИ, Петар (псевд. Црвениот) (Прилеп, 1924 – Скопје, 19. Ⅸ 1999) – кожарски работник, припадник на работничкото и комунистичкото движење. Член на КПЈ од 1941 г., а во 1942 бил секретар на МК на КПЈ во Прилеп. Учесник во НОБ (од 1941), борец на Партизанскиот одред

Петар Пепељуговски
„Ѓорче Петров“. Бил член на Ⅲ областен комитет, а во 1943 г. заменик комесар на Ⅲ Оперативна зона на Македонија, политички комесар на чета и на ⅩⅤ Македонска НО бригада. Како воен раководител учествувал со ⅩⅤ македонски корпус на Сремскиот фронт. По Ослободувањето вршел одговорни функции во ЈНА: командант на воено подрачје, секретар за народна одбрана во Извршниот совет на РМ, началник на Територијалната одбрана, генерал-мајор на ЈНА.
БИБЛ.: Незаборавни години. Сеќавања,

Скопје, 1982.
ЛИТ.: Извори за Ослободителната војна
и Револуција во Македонија (1941–1945), И,

1 и 3, Скопје, 1968. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *