ПЕРДИКА И

ПЕРДИКА И (Пердиккас) – прв македонски крал (ок. 707/6–659 пр.н.е.), основоположник на Македонското Кралство и на македонската кралска династија на Аргеадите. Податоците за него се од легендарен карактер. Според легендата запишана од Херодот, тој со двајцата браќа Гаван и Аероп, избегале од градот Аргос кај Илирите, а оттаму во градот Лебаја во Горна Македонија, каде што служеле на дворот на тамошниот крал. Кога Пердика побарал да биде платен, а неговиот господар наместо плата му ги понудил сончевите зраци што паѓале на подот, симболично зацрпил од зраците, ги ставил во пазувите и си заминал. Кога на кралот му би-ла протолкувана симболиката на чинот, наредил да ги фатат и да ги погубат, но тие успеале да избегаат и да се населат близу до Градините на Мида во подножјето на планината Бермион, од каде што ги покориле и другите делови на Македонија. Пердика е претставен кај Херодот како потомок на Темен, син на Аристомах, Хераклеид, со потекло од Аргос. Бидејќи името Аргос во минатото го носеле дури седум градови и области, поради неодржливата хипотеза на некои истражувачи дека Македонците биле од дорско потекло, тој обично се поистоветувал со Аргос на реката Инах, тогашен главен град на Арголида, на Пелопонез. Сите дилеми за лоцирањето на градот Аргос, како место на потеклото на македонската кралска династија Аргеади, ги отклонуваат историските извори во кои е наведено дека тие биле од Аргос Орестидски, најстариот и главен град на Орестида, во Горна Македонија, близу до сегашниот град Касторија (Костур).
ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Тхуцѕдидис, Хисториае, Оџонии, 1942; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896.
ЛИТ.: Е. Н. Борза, Ин тхе схадоњ оф Олѕмпус: тхе емергенце оф Мацедон, Прицетон/Н.Ј., 1990;
Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.

Монета на Пердика Ⅱ, аверс/реверс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *