ПЕРДИКА Ⅱ

ПЕРДИКА Ⅱ (Пердиккас) (? – 413 пр.н.е.) – македонски крал (454– 413 пр.н.е.), син и наследник на Александар И Филхелен. Водел многу вешта и променлива политика во периодот на засилени непријателства помеѓу Атина и Спарта. За време на Пелопонеската војна (431–404 пр.н.е.), во зависност од моменталните услови, одржувал пријателски врски, стапувал во политички сојузи и ги раскинувал, постојано менувајќи ја страната, со цел да извлече што повеќе корист за својата земја. Го одбил нападот на атинскиот сојузник, тракискиот одриски владетел Ситалк (429 пр.н.е.), кој сакал на престолот да го донесе внукот на Пердика Аминта. Неговата војска 30 дена ги пустошела македонските територии, а потоа се повлекла по наговор на Ситалковиот внук и негов иден наследник Сеут, кого што Пердика успеал во меѓувреме да го придобие, а за возврат му ја дал за жена неговата сестра Стратоника. Во 424 г. пр.н.е. се здружил со спартанскиот водач Брасида против Атина и линкестидскиот владетел Арабај, но по пропаста на нападот врз Линкестида, склучил сојузништво со Атина (423 пр.н.е.). Ги признал Спарта и Аргос за сојузници (418 пр.н.е.) и повторно го прифатил сојузништвото на Атина (414 пр.н.е.).
ИЗВ.: Тхуцѕдидис, Хисториае, Оџонии, 1942. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Е. Н. Борза, Ин тхе схадоњ оф Олѕмпус: тхе емергенце оф Мацедон, Прице-тон/Н.Ј., 1990. К. М.-Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *