ПЕРИ МАСАЛАРИ

ПЕРИ МАСАЛАРИ (Пери Масаллар›) – волшебни приказни од репертоарот на раскажувачите Турци од Македонија. Се одликуваат со карактеристики специфични за турската прозна традиција. Освен меѓународни мотиви, во нив се застапени и оригинални регионални или локални сижетни типо
ви. Најкарактеристичен елемент од морфолошкиот модел на турската волшебна приказна од Македонија е присуството на натприродниот елемент како појава што е од суштинско значење за функционирањето на сижетното дејство, а се среќава кај ликовите, појавите и предметите. Соодносот меѓу митската метафоричност и фантастиката во волшебните приказни се одликува со тоа што фантастичното с“ уште е во

зависност од митската семантика. Затоа, чудните обележја се јавуваат како физички својства, атрибути на јунакот од приказната, кој се одликува со златна коса, солзи бисери, насмев-
Севим Пиличкова:
Структурата на турските ки трендафиволшебни приказни
ли. Во светот
(2001)
на турската в.
п. од Македо
нија се забележуваат траги од многу традиционални мотиви наследени од светот на архаичните митови и ритуали: „Симнување на јунакот во долна земја“ (АТ–300, 301, 513, 531) што укажува на корените од некогашниот мит со потекло од најдалечното минато на човекот; „Необичното раѓање на јунакот“ (АТ–425) од периодот на верувањето во анимизмот и тотемизмот; разните метаморфози на јунакот (АТ–450, 510, 707);

Знаење на немуштиот јазик“ (АТ–670), мотивот „Предодреденоста на судбината“ (АТ–930), мотивите“Одење кај Сонцето“,


Барање помош од сончевата мајка“, „Женидба со Сонцето“ (АТ–460) што потекнуваат од некогашните митови, како и мотивот“Женидба на јунакот со мртовец“ (АТ–437) што сведочи за верувањето во задгробен живот. Иако светот на турските волшебни народни приказни ги чува трагите од старите многубожества, обичаи и древни верувања, со одминувањето на времето промените од реалниот живот условуваат трансформации и во светот на приказните што најчесто зависи од историските настани, од религијата, локалните верувања, како и од влијанието од прозната традиција на другите народи. Освен посочените типови волшебни народни приказни и мотивите застапени во разните наративни моменти од сижетното дејство, во репертоарот на народните раскажувачи од Македонија се застапени и типови на приказни што настанале како резултат на разните процеси на контаминацијата, како во вертикална, така и во хоризонтална насока на движење на усната трансмисија. Ваквите варијанти настанале при конкретни моменти во безбројните наратив

ни ситуации во минатото: афини
тет на индивидуалниот интерпре
татор, барање на публиката, стил

на раскажување, тип на раскажувачот, свесно позајмување наративни епизоди од една во друга приказна и нивно актуелизирање во туѓа наративна средина. Активното функционирање на контаминацијата во наративниот процес, резултирала со нови варијанти сижетни типови, но сепак, при новите комбинации се прифаќале само најуспешните обиди од новосоздадени наративни целини. Процесот на нивното создавање го условувала потребата за адаптирање на промените од современото секојдневје на раскажувачите и нивната публика.
ЛИТ.: Кирил Пенушлиски, Турски елементи (влијанија) во македонскиот фолклор, Реферати на македонските слависти на Ⅶ меѓународен славистички конгрес, Варшава, 1971, „Литературен збор“, Скопје, 1973, 115–125; –, Македонско-турски приказнични паралели (врз приказните на Марко Цепенков), Зборник во чест на Блаже Конески, Скопје, 1984, 393–402; С. Пиличкова, Мотивот за судбинската предодреденост во некои приказни кај Марко Цепенков и современи турски варијанти од Р. Македонија, „Македонски фолклор“, ЏЏВИИИ, 55, Скопје, 2000, 17–30; –, Интересот на Кирил Пенушлиски за турските влијанија во приказните на Цепенков, ЏЏЏВ Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (5–25. Ⅷ 2004, Охрид); –, Двојазичното раскажување како форма на континуитет помеѓу традиционалното и современото во наративната практика на иселениците од Р. Македонија во Р. Турција, Анталија, Турција, 1991, 119–127; –, Мотивот за судбинската предодреде
ност во некои приказни кај Марко Цепенков и современи турски варијанти од Р. Македонија, „Македонски фолклор“, ЏЏВИИИ, 55, Скопје, 2000, 17–30; –, Структурата на турските волшебни приказни, Скопје 2001. С. Пил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *