ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ – педагошка доктрина за доживотно учење, официјализирана во Македонија со Резолуција за перманентно образование, усвоена на Собранието на СРМ
(9. Ⅹ 1973). Резолуцијата инсистира перманентното образование да стане право и должност на сите граѓани, а во прв ред на вработените, односно со неговите цели и принципи да биде опфатен целокупниот воспитно-образовен систем. Според овој документ, образованието станува решавачки фактор на развојот доколку непрекинато и најтесно се поврзува со развојот на современата наука, култура и техника. Иако современа и с¢ уште актуелна, оваа педагошка доктрина не доживеа позначајна практична примена. К. Камб.

Сретен Перовиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *