ПЕРСЕЈ

ПЕРСЕЈ (Персеос) (213/12–166) – последен македонски крал (179– 168 г. пр.н.е.) од династијата на Антигонидите, син и наследник на кралот Филип В. По смртта на Филип Ⅴ и неговото доаѓање на престолот (179 г. пр.н.е.) го обновил договорот со Рим и продолжил со консолидација на Македонија. Го проширил влијанието на Македонија во Тракија, Дарданија и Илирија. Се оженил со Лао-

Монета на Персеј, аверс/реверс
дика, ќерка на сирискиот крал Селевк Ⅳ, а својата сестра ја омажил за Прусија Ⅱ (182–149 пр.н.е.), крал на Битинија, и се здобил со многу пријатели во Хелада. Влијаел врз социјалните превирања во Тесалија и Ајтолија, ја покорил Долопија и го посетил Делфи со својата војска. Јакнењето на македонското влијание довело до заладување на односите со Рим, а не одело во прилог ниту на Пергам, па пергамскиот крал Еумен Ⅱ Сотер се пожалил до Рим и тоа резултирало со Третата македонско-римска војна (171–168 пр.н.е.). По првичните успеси, Персеј бил поразен од римската војска под водство на
Л. Аемилиј Паул, во битката кај Пидна (22 јуни 168 пр.н.е.), со што бил означен крајот на војната, но и на независноста на Македонија. Бил заробен во бегство на островот Самотрака и одведен во Рим. Починал две години подоцна во заробеништво.
ИЗВ.: Полѕбии, Хисториае, Липсиае, 1904; Тити Ли-
ви, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ И, ИНИ, Скопје, 2000; Н. А. Машкин, Историја на Стариот Рим, Скопје, 1995; Р. М. Еррингтон, А Хисторѕ оф Мацедониа, Беркелеѕ анд Лос Ангелес, 1990. К. М.-Р.

Душан
Перчинков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *