ПЕРЧИНКОВА, Даница Ристова

ПЕРЧИНКОВА, Даница Ристова
(с. Ваташа, Кавадарци, 15. Ⅳ 1925 -Скопје, 21. Ⅲ 2002) – математичар, ред. проф. (1971) на ПМФ. Припаѓа на првата генерација студенти од Групата математика на Филозофскиот факултет. Дипломирала во 1950 и истата г. била избрана за асистент, а докторирала (1963) на ПМФ со темата „Прилог кон изучувањето на хомогените проблеми со сопствени вредности при обичните диференцијални равенки“. Студиски престои: на ЕТФ во Белград и на Институтот „Анри Поанкаре“ во Париз. Објавувала научни трудови до своето пензионирање (1975) главно од областа на диференцијалните равенки.

ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006. Н. Ц.

Радован Перчинковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *