ПЕРЧУКЛИЕВСКИ, Раде

ПЕРЧУКЛИЕВСКИ, Раде (Галичник, 7. ⅩⅠⅠ 1931) – керамичар, унив. доцент. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб (1955). Специјализирал керамика и порцелан во Софија. Професор во Училиштето за применета уметност во Скопје и доцент на Факултетот за ликовни уметности. Излагал самостојно и групно во Скопје и во странство. Создава фигуративни и апстрактни дела инспирирани од традицијата. Ал. Цв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *