ПЕТКОВИЧ, Андреја Димитров

ПЕТКОВИЧ, Андреја Димитров
(Башино Село, Велешко, 12. ⅩⅠⅠ 1837 – Санкт Петербург, 30. ⅩⅠⅠ 1897) – поет, преведувач и руски дипломат. Учел на Ришелевскиот лицеј во Одеса (1854–1860), оттаму заминал во Петроград, каде што по завршувањето на студиите (1863) станал професионален дипломат. Ги испеал стихотворбите „Глас од далека землја“ и „Могила в гора“ на македонски јазик. Прв македонски преведувач на басните од Иван Крилов.
ЛИТ.: Харалампие Поленаковиќ, Во екот на народното будење, Ск., 1973; Александар Спасов, Истражувања и коментари, Ск., 1977; Александар Спасов, Браќата Андреја и Константин Петкович, Ск., 1996; Васил Тоциновски, Тајни и трајни пораки, Ск., 2003. В. Тоц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *