ПЕТКОВИЧ, Константин Димитров

ПЕТКОВИЧ, Константин Димитров (Башино Село, Велешко, 1824 – Одеса, ноември 1898) – поет, преведувач, научник и дипломат. Дипломирал словенска филологија на Петербуршкиот универзитет (1852), кај прочуениот славист Измаил Иванович Срезневски. Автор е на една од првите стихотворби во новата македонска поезија и е потписник на првиот труд од славистиката напишан на македонски јазик и печатен во издание на Руската академија на

Константин Петкович
науките. Пишувал на руски и на македонски јазик. Зборувал англиски, француски, италијански, романски и повеќе словенски јазици. Бил дипломатски службеник во Видин, Дубровник, Палестина и Бејрут.
ДЕЛА: Очерки Белграда, Санкт Петер-бург, 1853; Извести® К. Д. Петковича о рукописах Зографскага Свјатогорскаго монастир®, СП, 1853; Хрисовуља Иоана Бранковича деспота серпског, Београд, 1853; Обзор Афонских древностеŸ К. П. Димитриева Петковича, СП, 1865; Черногори® и Черногорци, СП, 1877; Либан и Лабнци, 1885, и други. Од неговата заоставнина врз материјали од збирка македонски народни пословици е објавен трудот Опис и класификација на поговорки
те како автономен семиотичен и јазичен микросистем, Ск., 1986 и Руско-македонскиот речник од 1848 година, Ск., 1990.
ЛИТ.: Александар Спасов, Избор, Ск., 1986; Мирољуб М. Стојановиќ, Константин Д. Петкович и Црна Гора, кн. 1, Ск., 1987; Харалампие Поленаковиќ, Избрани дела, Ск., кн. 4, 1989; Ванчо Тушевски, Студии за браќата Константин и Андреја Петкович, т. 1, Ск., 2000; Људмил Спасов, Избрани поглавја од историјата на македонскиот писмен јазик, прв дел, Ск., 2005. В. Тоц.

Татјана Петковска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *