ПЕТКОВСКА

ПЕТКОВСКА (ГУЦУ), Татјана
(Делиблатска Пештера, Војводина, 6. Ⅸ 1933) – балерина, педагог, балетски критичар. Балетската едукација ја започнува во Средното балетско училиште во Нови Сад, а ја завршува во училиштето „Луј Давичо“ во Белград. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (Група педагогија). Член е на Балетот при МНТ (1952-1957). Од 1957 г. работи како педагог во Балетското училиште, а потоа станува негов директор (1961-1973). Професор по
сценски движења на Факултетот за драмски уметности (1973-1993).
УЛОГ: Црвенкапа (П. И. Чајковски, „Заспаната убавица“), Кукла (Ф. Лотка, „Ѓавол на село“) и др. Ем. Џ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *