ПЕТКОВСКИ, Трајан

ПЕТКОВСКИ, Трајан – кустоссоветник во Природонаучниот музеј на Македонија – Скопје. Работниот век го поминал во Природонаучниот музеј, како истражувач и проучувач на фауната на Острацода, Цопепода и Цладоцера на Македонија и на Балканот. Опишал повеќе видови и подвидови од спомнатите раковидни организми. Објавил повеќе од 50 научни трудови од својата област, од кои се посебно значајни новите видови од фауната на Македонија. Го разработил проблемот на специјацијата кај раковидните организми, особено кај Цандона неглецта со што станал познат и надвор од границите на државата. Автор е на концепцијата на постојаната изложба на без’рбетниците. Р. Гр.

Ордан
Петлевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *