ПЕТКОВ, Душан

ПЕТКОВ, Душан (Куманово, 20. Ⅲ 1923 – Скопје, 21. Ⅲ 2003) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951). Целиот работен век го поминал на Архитектонскиот факултет во Скопје и од асистент до редовен професор го предавал предметот проектирање на индустриски и стопански згради. Се занимавал и со архитектонско проектирање. Изработил над 80 проекти за станбени, здравствени, општествени и индустриски објекти, повеќето од кои се и реализирани. Позначајни реализации: станбено-административниот објект „Автомакедонија“ во Скопје (со арх. К. Томовски); зградата на „Фото-центар“ во Скопје; фабриките за конзерви во Куманово, во Тетово и во Гевгелија; фабриката „Југохром“ во Јегуновце; Фабриката за кожа и кожна галантерија во Делчево; Фабриката за тули и керамика во Кичево; повеќе индивидуални и семејни станбени објекти во Скопје, во Куманово и во Свети Николе. Кр. Т.

Кирил
Петков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *