ПЕТКОВ, Тодор

ПЕТКОВ, Тодор (с. Гари 1814 – 1899) – протомајстор. Се занимавал со градежништво и со резбарство. Според негови проекти и под негово раководство се изградени многу куќи и „кули“ за охридските бегови и чорбаџии. Најзначајно остварување е Куќата на браќата Робевци (Анастас и Ангеле) во Охрид, денес Народен музеј. Ја изградил и црквата во с. Горна Белица, Охридско, а работел и на иконостасот во истата црква, кој го завршил неговиот син Јаким.
ЛИТ.: К. Томовски, Македонските мајстори градители во деветнаесеттиот век, Скопје, 2006. Кр. Т.
Елена
Петкова
-Иванова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *