ПЕТКО ВОЈВОДА

ПЕТКО ВОЈВОДА (Петко Крстов Митаровски) (с. Кокино, Кумановско, ⅩⅠⅩ – почеток на ⅩⅩ в.) – ајдутски војвода. Неговото семејство потекнува од с. Малотино, Кумановско. Во младите години оформил ајдутска дружина за заштита од албанските арамиски дружини и османлиските зулумќари од Куманово и околните чифлици. Некои периоди дружината се собирала само за одделни ноќни акции и борби, а преку ден пак легално си ја про-должувале полската работа. Со сопругата Ристана од с. Пелинце имал пет деца. Кога започнала бугарската оружена пропаганда во Козјачијата, извесно време се илегализирал кај роднини во с. Малотино, а потоа, веќе во одминати години, се посветил на семејниот живот.
ИЗВ. Сеќавања на неговата ќерка Велика Стојковска, Скопје, 1968. С. Мл.

Душан Петков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *