ПЕТНАЕСЕТТИ

ПЕТНАЕСЕТТИ (МАКЕДОНСКИ) КОРПУС (првата половина на октомври 1944 – 11. Ⅳ 1945)
– воена единица на НОВ и ПОМ и НОВЈ. Бил формиран како Втор корпус на НОВ и ПОМ (до 10. Ⅺ 1944). Во формацискиот состав влегле 41-та и 49-та (македонска) дивизија. Веднаш по формирањето, учествувал во борбите против единиците на ГАЕ, кои се повле-Вардар, во Ослободувањето на Повардарјето, Пелагонија, Преспанско и Охридско, а потоа Кичево и Гостивар. Во декември 1944
г. корпусот бил реорганизиран и во неговиот состав влегле 42-та и 48-та (македонска) дивизија, по што бил именуван како ударен. Во јануари 1945 г. учествувал во борбите на Сремскиот фронт во составот на Првата армија на ЈА. Бројната состојба изнесувала околу 22.000 борци и офицери. По расформирањето, неговите дивизии биле ставени под команда на Првата армија на ЈА.
ЛИТ.: Боро Митровски, Петнаести (Македонски) ударни корпус НОВЈ, Београд, 1983. В. Ст.

кувале од Грција по долината на Петнаесетти (македонски) корпус – подготовка за Сремскиот фронт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *