ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ, свети

ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ, свети (Никеја и Струмица, ? – Струмица, 11. ⅩⅠⅠ 362) – проповедници на христијанството. Христијаните од Никеја биле убивани од византискиот император Јулијан Отпадник (361–363). Од избеганите дошле во Тивериопол двајца епископи, Теодор, којшто учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја (325), и Тимотеј. Со нив биле и монасите Комасиј и Евсевиј. Во Струмица им се придружиле 11 Македонци: свештениците Петар, Јован, Сергиј, Теодор (Ⅱ) и Ники-фор, со ѓаконите Василиј Ⅰ Тома и монасите Јеротеј, Харитон и Даниил, и еден мирјанин – Сократ. Тие тука го проповедале христијанството.
ЛИТ.: Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997; Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип,

Петнаесетте тивериополски маченици
(фреска, Струмица (ⅩⅤ в.)

2006; Жития на светиите, Синодално издателство, София (1974), 1991; Добрила Миловска и Јован Таковски, Македонска житијна литература Ⅸ–ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1996. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *