ПЕТРЕСКА, Весна Атанасовска

ПЕТРЕСКА, Весна Атанасовска
(Скопје, 15. Ⅸ 1965) – етнолог, виш научен соработник (2005), истражувач на семејниот живот, обичаите, обредите и верувањата и раководител на Одделот за ис-тражување на духовната култура, обичаите, обредите и верувањата во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (1990). Дипломирала на Студиската група за географија – Насока етнологија на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1989). Магистрирала на Одделот за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Проле¢ни обичаји код Мијака“ (1994) и докторирала во Заводот за етнологија на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Свадбата како обред на премин кај Македонците од брсјачката етнографска целина“ (2000). Работи во Институтот (од 2. Ⅳ 1990).
БИБЛ.: Пролетните обичаи, обреди и верувања кај Мијаците, Скопје, 1998; Свадбата како обред на премин кај Македон
ците од брсјачката етнографска целина, Скопје, 2002; Систем на сродство кај Македонците, Скопје, 2005.
ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950– 2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 102, 128 и 150; Реферат за избор на виш научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 887, Скопје,
15. ⅩⅠⅠ 2005, 4-9. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *