ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТИ

ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТИ – едни од четирите повеќедневни пости во христијанската православна религија. Покрај еднодневните пости (среда и петок, Водокрст, Крстовден и Отсечение на главата на св. Јован Крстител), во годината има и четири повеќедневни пости, распределени според годишните времиња: Божикни, Велигденски, Петровденски и Богородичини пости. Петровденските пости секогаш започнуваат од неделата по Духовден и траат до Петровден. Поради тоа што Духовден е подвижен празник и зависи од датумот на кој таа година ќе биде Велигден, и Петровденските пости траат различно. М. Кит.

Селото Петровец, Скопско

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *