ПЕТРОВСКА-ГАЛИЌ, Славица

ПЕТРОВСКА-ГАЛИЌ, Славица
(Ораховац, Србија, 17. Ⅳ 1959) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ. Во 1984 г. дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков), а во 1999 г. магистрирала на истиот факултет (проф. М. Ефтимова). Специјализирала на Конзерваториумот во С.-Петербург. Во 1980 г. дебитирала со улогата на Барбарина во операта Свадбата на Фигаро. Во Операта на МНТ работи од 1980. Во сезоните 1986/87 и 1990/91 г. е ангажирана во Мариборската и Осиечката опера. Остварила повеќе од 15 улоги, од кои позначајни се: Виолета Валери (Травијата), Џилда (Риголето), Адина (Љубовен напиток), Лучија (Лучија ди Ламермур), Мизета (Боеми), Антонида (Иван Сусанин). Гостувала во повеќе европски земји, во Русија и низ Југославија. Поседува изработена колоратурна техника, сигурни висини и сценичност. Соработува со Македонската филхармонија во изведбата на вокално-инструментални дела. Во периодот 2002– 2005 г. е уметнички директор на Операта и Балетот на МНТ. Ф. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *