ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА, Катерина

ПЕТРОВСКА-КУЗМАНОВА, Катерина (Куманово, 1964) – филолог, виш научен соработник, истражувач на народната драма во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (од 21. Ⅴ 1998). Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје (1986), каде што магистрирала на тема „Драмското творештво на Бранко Пендовски“ (1994) и докторирала на тема „Ритуалот и драмата“ (2000).
БИБЛ.: Драмското творештво на Бранко Пендовски, Скопје, 1995; Ритуален театар, Скопје, 2002; Антропологијата на театарот, Скопје, 2004 (приредила); Ин
теркултурален театар, Скопје, 2004 (приредила); Театарските елементи во фолклорот, Скопје, 2006.
ЛИТ.: Реферат за избор во звањето виш научен соработник, за работното место истражувач на народната драма при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 893, Скопје, 15. Ⅲ 2006, 103, 114–116, 127–128 и 133–134. С. Мл.

Милена Петровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *