ПЕТРОВСКА-МИЛЕВСКА, Милена Гигова

ПЕТРОВСКА-МИЛЕВСКА, Милена Гигова (Скопје, 22. Ⅸ 1953) – микробиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 2002). Дипломирала медицина во Скопје (1978), специјализирала микробиологија со паразитологија (1983), а докторирала на тема за идентификација на вируленцијата на уропатогените соеви на Есцхерицхиа цоли и нивното клиничко значење (1990). шеф на Катедрата по предметот (1996–2005) и директор на Институтот (од 2002). Се усовршувала во В. Британија, Германија, Холандија и во центри во Југославија. Вовела методи и техники за бактериолошка и серолошка дијагноза на урогенитални и респираторни инфекции и водела два национални проекта. Член е на повеќе меѓународни микробиолошки асоцијации. Автор на над 167 трудови и предавач (по покана) на други универзитети.
ИЗВ.:Билтен УКИМ, бр. 795.
БИБЛ.: Уропатогена Есцхерицхиа цоли,
Скопје, 1993; Факти од микробиологијата, Скопје, 2000; Микробиологија, во:
Современа дијагностика и терапија во
медицината, Кочани, 2000; Практикум
по медицинска микробиологија и паразитологија, Скопје, 2001. К. К.-П.

Атанас (Ацо) Петровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *