ПЕТРОВСКА-ЈОВАНОВИЌ, Симка Ѓорѓиева

ПЕТРОВСКА-ЈОВАНОВИЌ, Симка Ѓорѓиева (Скопје, 7. Ⅺ 1948 г.) – редовен професор (1997) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирала (1972) на ПМФ во Скопје, магистрирала (1977) на Технолошкиот факултет, а докторирала (1984) на Хемискиот факултет во Скопје. Изведувала настава по неорганска и аналитичка хемија за студентите на РГФ во Штип, по Аналитичка хемија за студентите

Симка
Петровска-
Јовановиќ

по хемија и на интердисциплинарните студии за инженерство на животната средина. Одржува и постдипломска настава по Хроматографски методи за анализа, а од ова подрачје $ е и научната активност (претходно се занимавала со интерферометриски кинетички определувања на траги и со електрохемиски методи за анализа). Објавила над 40 научни труда, а на научни собири (предимно надвор од Македонија) презентирала повеќе од 80 соопштенија. Автор е на два универзитетски учебника и три учебни помагала. Учествувала, како раководител или учесник, во 11 проекти (еден меѓународен). Била раководител на Заводот за аналитичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ.
ЛИТ.: Природно-математички факултет

Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 236; 60 години Природно-математички факултет


Скопје, Скопје, 2006, 241-242. Б. ш.

Катерина
Петровска-
Кузманова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *