ПЕТРОВСКИ, Атанас

ПЕТРОВСКИ, Атанас (Ацо)
(Тетово, 12. Ⅴ 1923 – Скопје, 28. Ⅶ 2001) – филмски режисер и продуцент. Од 1945 г. вршел одговорни функции во конституирањето на македонската кинематографија. Режирал околу 20 документарни филмови, меѓу кои и:

Велигденски адети“ (1953), „Галичка свадба“ (1955), „Стара чаршија“ (1955), „Дервиши“ (1955) и


Тенда“ (1955). Тој е еден од организаторите на првата македонска независна филмска продукција ФРЗ (1968). Именуван е (1976) за прв директор на Кинотеката на Македонија, каде што останува до пензионирањето (1985). Ил. П.

Борче
Петровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *