ПЕТРОВСКИ, Методија

ПЕТРОВСКИ, Методија (Куманово, 9. Ⅶ 1938 – Скопје, 11. Ⅴ 2008) – професор по книжевност, политичар и писател. Основно училиште и гимназија завршил во Куманово (1957), дипломирал (1961) и магистрирал на Филозофскофилолошкиот факултет (Група историја на југословенската книжевност) во Скопје на тема „Поетското и прозното творештво на Славко Јаневски“. Бил уредник на
в.
„Студентски збор“ (Скопје, 1959–1961), главен и одговорен уредник на сп. „Мугри“ (Куманово, 1957–1961) и новинар во „Наш весник“ (Куманово, 1963). Како општествено-политички деец бил потпретседател на Општината Куманово (1967–1972), заменик републички секретар за образование и наука (1972–1974), член на Друштвото на писателите на Македонија (од 1972), претседател на Општина Куманово (1974– 1982), член на Претседателството на Заедницата на градовите и општините на Југославија (1974– 1982), член на ЦК на СКЈ (1978– 1982), член на Претседателството на ЦК на СКМ (1982–1988), претседател на Издавачкиот совет на

в.
„Комунист“ (1982–1988), претседател на ССРНМ (1988–1990, секретар и потпретседател на ССРНЈ (1990–1992); координатор и советник во „Силекс“, по што заминал во пензија (2000).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *