ПЕТРОВСКИ, Панде Алексов

ПЕТРОВСКИ, Панде Алексов
(с. Живојно, Битола, 26. ⅩⅠⅠ 1943 – Битола, 30. ⅩⅠⅠ 2006) – генерал на АРМ. Завршил Воена академија во родот оклопни единици на ЈНА. Офицерската кариера ја започнал како командир на вод и на чета, а потоа станал командант на оклопен баталјон. Бил началник на штаб на бригада, началник на орган за персонални работи во Третата армиска област, командант на корпус, помошник на НГШ за борбена готовност, заменик на НГШ на АРМ, ја вршел должноста началник на ГШ на АРМ (12. Ⅵ – 9. Ⅷ 2001), советник на министерот за одбрана (до
5. Ⅲ 2002), кога е разрешен од должноста. В. Ст.

Перо
Петровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *