ПЕТРОВСКИ, Перо

ПЕТРОВСКИ, Перо (Куманово, 27. Ⅴ 1932) – диригент. Високото образование го оформил во 1958
г. на Белградската музичка академија (Теоретсконаставнички оддел), а во 1976 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Софија. Извесен период работел како член на оркестарот на Операта на МНТ и наставник во Средното музичко училиште во Скопје, а од 1978 г. е ангажиран како диригент во Македонската филхармонија, каде што останува до 1996. Реализирал обемен симфониски репертоар, а соработувал и со Операта на МНТ. Гостувал на Куба, во Романија, Бугарија, Полска, Германија. Ф. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *