ПЕТРОВСКИ, Трајко Савев

ПЕТРОВСКИ, Трајко Савев
(Скопје, 18. Ⅴ 1952) – историчар и етнолог, истражувач на ромскиот фолклор и етнологија, виш научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Завршил Филозофски факултет – Група историја во Скопје. Бил наставник во ЦОУ „Братство и единство“ во Скопје (1974–1980). По вработувањето во Институтот
(2. ⅩⅠⅠ 1980), магистрирал на Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Календарски обичаји код Рома у Скопљу и околини“ (1989) и докторирал на Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Етничките и културните карактеристики на Ромите во Македонија“ (1997).
БИБЛ.: Календарски обичаи на Ромите во Скопје и околината, „Феникс“, Скопје, 1993; Македонско-ромски и ромско-македонски речник, Скопје, 1998 (со коавтор); Ромите во Македонија денес, кн. 1-3, Скопје 2000 и 2002; Ромски народни песни, Скопје, 2001; Ромски народни песни од Македонија, Скопје 2001; Дизионарио Ром-Италиано, Италиано-Ром, Битола, 2002 (со коавтор); Духовната и материјална култура
на Ромите, Скопје, 2002.
ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950– 2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 132-133 и 149; Реферат за избор на виш научен соработник за работното место истражувач на ромскиот фолклор и етнологија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје,
Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 811, Скопје, 30. Ⅸ 2002, 185-189. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *