ПЕТРОВ-БУФСКИ, Наум Попов

ПЕТРОВ-БУФСКИ, Наум Попов (с. Буф, Леринско, 1878 – с. Драгош, Битолско, 21. Ⅺ 1905) – учесник во Илинденското востание, битолски војвода. Се школувал во ќустендил при деда си поп Коста Буфски. Влегол во МРО, учествувал во Илинденското востание во Леринско. По востанието се борел против андартските чети во Битолско.
ЛИТ.: Н. Миновски, Селото Буф – Монографски приказ, Битола, 2006. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *