ПЕТРОВ, Дичо

ПЕТРОВ, Дичо (с. Проглед, Смоленско, Бугарија, 11. Ⅺ 1919 – с. Батулија, Софиско, 23. Ⅴ 1944) – антифашист, прв командант на партизанскиот баталјон „Христо Ботев“. Како потпоручник на бугарскиот пограничен гарнизон во
с. Конско, Гевгелиско, заедно со своите војници преминал во редовите на Македонската народноослободителна војска (ⅩⅠⅠ 1943). Учествувал во борбите во Македонија и во Југоисточна Србија. Загинал како командант на Ⅱ востаничка оперативна зона.
ЛИТ.: Герои на антифашистката борба, кн. И (1923–1944), София, 1966. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *